Програма

      Кампот е од отворен тип, како за деца кои веќе тренираат по локалните клубови и фудбалски училишта, така и за рекреативци кои сакаат да го доживеат искуството на тренинг во голем клуб.

      Тренинг програмата дава услови за унапредување на физичките, техничките, тактичките и менталните способности на учесниците на кампот. За време на тренинзите ќе се работи и на одбранбени и напаѓачки ситуации и подобрување на брзината на размислување во вакви ситуации.

      Ќе биде воспоставена посебна група за голмани кои ќе работат со специјализиран тренер од Јувентус академијата.

      Секако и социјалниот аспект нема да биде занемарен, децата ќе работат на посветеноста, одговорноста како и тимскиот дух како на теренот, така и надвор од него.

      Тренерите од Италија ќе објаснуваат на англиски јазик, а локалните тренери ќе преведуваат на македонски и албански јазик.

      ПРОГРАМА

        

      Цели

      Усовршување на технички, тактички, физички и ментални вештини на играчите, но исто така да биде забавно и да се одржува добра работна атмосфера.

      Распоред на тренинзи

      два тренинга дневно, претпладне и попладне

      Возраст

      од 5 до 17 год.

      Работни групи

      Играчите ќе бидат поделени по возраст

      Учество

      Може да учествуваат и активни играчи од локалните клубови или рекреативци, од Македонија, но и од други држави. 

      Кампот е за момчиња и девојчиња

      Предвидена е и голманска програма за тренинг со тренер од Јувентус

      За време на кампот, тренерите од Јувентус заедно со локалните тренери директно ќе работат со децата, обезбедувајќи им пријатна атмосфера за тренинг и забава. Домашните тренери и целата организација на кампот е под постојан надзор и контрола на тренерите на Јувентус и администрацијата од Торино. Трениг програмите се изработени во соработка со Институтот за спортска медицина од Торино, за да се оствари максимален ефект од тренинзите со минимален ризик од повреди.

      РАСПОРЕД НА ТРЕНИНЗИ

      Ден

      Временски термин

      Активности

      Дополнителни активности

      Недела

      09:00 - 10:30

      Подигање на опрема и регистрација во BackYard Lounge Bar & Kids Area и Mondano Sport во Средното училиште Јосип Броз Тито, 

      по подигање на опремата, пожелно е да се присуствува на прес конференцијата за преттавување на кампот

      Недела

      12:00

      Прес конференција во амфитеатар на Европски Универзитет Скопје

      адреса: булевар Свети Климент Охридски бр.68 (спроти Backyard)

      Понеделник

      13:30

      Церемонија за отворање на кампот

      нема дополнителни активности, 

                

      14:00 - 15:30

      16:00 - 17:30

      Тренинг - група 1 (тренингот започнува со мала церемонија)

      Тренинг - група 2 (тренингот започнува со мала церемонија)

      по тренингот децата замиуваат дома

      Вторник

      09:00 - 10:30

      11:00 - 12:30

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

      Ручек во ресторан Старо Буре Кучково 

      10:30 Група 1 

      12:30 Група 2

      организиран автобуски превоз до Кучково и назад на втората тренинг сесија

         

      14:30 - 16:00

      16:30 - 18:00

      Тренинг група 1

      Тренинг група 2

      по тренингот заминуаат дома

      Среда

      09:00 - 10:30

      11:00 - 12:30

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

      Посета на музејот на ЕВН во Матка, прошетка и ручек на кањон Матка.
      10:30 - 13:30 група 1

      12:30 - 15:30 група 2

                

      14:30 - 16:00

      16:30 - 18:00

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

      по тренингот заминуаат дома

      Четврток

      09:00 - 10:30

      11:00 - 12:30

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

      Помеѓу тренинзите, групите ќе имаат натпревари и игри за награди, заедничко фотографирање и ручек (сендвич) на теренот Македонски Лавови

                

      14:30 - 16:00

      16:30 - 18:00

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

      по тренингот заминуаат дома

      петок

      09:00 - 10:30

      11:00 - 12:30

      Тренинг - група 1

      Тренинг - група 2

            

               

      15:00 - 16:30

      Церемонија на затворање на настанот, делење сертификати и медали на сите учесници.

                

      Групите (Група 1 и Група 2) ќе бидат објавени на ФБ страната и испратени по е-маил пред самото започнување на кампот.

      Information on the use of cookies
      This website uses cookies and, in some cases, third-party cookies for marketing purposes and to provide services in line with your preferences.
      If you want to know more about our cookie policy click here.
      By clicking OK, or closing this banner, or browsing the website you agree to our use of cookies in accordance with our cookie policy.
      OK