ЗА НАС

      Организатори на кампот

      Овој проект е остварен преку договор на Јувентус со фудбалската школа Мондано од Скопје, со посредништво на официјалниот фан клуб на Јувентус во Македонија.

      ФК Мондано Кидс е клуб формиран во 2012г од спортски работници и дипломирани професори по физичко и здравствено образование и со потребни УЕФА лиценци за работење со млади категории
      Во фудбалската школа се работи во посебни групи момчиња, девојчиња и голмани. Бројот на членови кои тренираат во текот на годината, изнесува од 120 до 150, на возраст од 4 до 12 години. Клубот се грижи децата да напредуваат во рамките на позитивниот и спортски дух кој се гради кај нив, придонесува за локалната заедница, бидејќи во своите групи вклучува и деца од загрозени категории.

      Клубот функционира во одлични услови во Спортскиот Центар Мондано во средното училиште “Јосип Броз Тито”, општина Центар.

      Претставниците на Јувентус Академијата својата прва посета ја остварија во 2016 преку локалниот официјален фан клуб на Јувентус во Македонија и школата ги помина сите пред проверки од страна на Италијанскиот клуб, по што беше потпишан договор за соработка и реализација на Јувентус Камп во 2018, но и понатамошно отворање на Јувентус Академија.

      Официјален фан клуб на Јувенус во Македонија - Фан клубот како локално здружение на граѓани е формиран во 2012 и во истата година доби статус на официјален фан клуб регистриран во Торино и секоја година го задржува тој статус, објавен на веб страната на Јувентус.

      Во текот на годините фан клубот реализираше посети на Торино и гостувања на натпревари, за што поголем број на навивачи да ја имаат можноста да го гледаат својот омилен клуб во живо. Редовни активности се собири за натпреварите на Јуве во Македонија, играње натпревари со други фан клубови и учества на турнири и хуманитарни организации, како и дружења со фан клубовите на Јувентус од регионот. Фан клубот преку својата веб страница и социјалните мрежи редовно споделува вести и информации поврзани со Јувентус. Фејсбук страната ја следат над 30.000 лица ширум светот.

      Бројот на членови секоја година е во пораст, последната бројка од  регистрирани 166 членови веќе е надмината.

      ТРЕНЕРИ

      Кампот е организиран под водство на тренерите од академијата на Јувентус во Торино. Од Италија ќе пристигнат најмалку 3 тренери.

      Локалните тренери ќе бидат подршка и постојано ќе работат заедно со тренерите на Јувентус, за да им овозможат на децата да ги разберат инструкциите и советите од главните тренери, односно ќе им преведуваат од англиски на македонски јазик.

      Исто така помеѓу локалните тренери ќе има тренери кои ќе преведуваат на албански јазик.

      Mr. Raffaele Armaroli

      главен тренер

      Mr. Carlo Buonopane

      тренер

      Mr. Antonello Gallese

      тренер

      Сертификат
      Information on the use of cookies
      This website uses cookies and, in some cases, third-party cookies for marketing purposes and to provide services in line with your preferences.
      If you want to know more about our cookie policy click here.
      By clicking OK, or closing this banner, or browsing the website you agree to our use of cookies in accordance with our cookie policy.
      OK